Спортот е за сите – простор за рекреација, градење самодоверба и уживање еднакви можности.
На 22. издание на Виз Ер Скопски маратон, Europe House и Women Power Cup трчаа заедно како дел од иницијативата „Носи ја промената“ (Wear the Change), славејќи ја женската сила и охрабрувајќи ги девојките и жените да спортуваат, да ги поместуваат границите и да достигнуваат нови врвови.